Па дали е ова нормално: Ал Хилал со официјална понуда за Мбапе, 400 милиони по сезона

4803

Откако стаја јасно дека Килиан Мбапе нема иднина во тимот на ПСЖ со оглед на фактот што не сака да потпише нов договор со клубот, и не замине заедно со остатокот на екипата на турнејата во Јапонија, стартуваа шпекулациите околу неговата следна дестинација.

Нормално, како што е тоа пракса летово, прв се јави тимот на Ал Хилал, кој за услугите на Мбапе во моментов сака да плати 200 милиони одштета на ПСЖ, што парижаните прифатиле веднаш, а за самиот играч годишна плата од неверојатни 400 милиони евра.

Мбапе има само 24 години и е далеку од заминување на Блискиот исток каде фудбалски би се „закопал“ засекогаш. Неговата реална опција е Реал Мадрид, но јавноста отворено прашува до каде ќе оди оваа фама на пребогатите клубови од Саудиска Арабија да носат во своите редови сериозни фудбалски звезди и за нив да плаќаат баснословни суми кои се надвор од секоја логика.

 

ПретходноВо одбрана на…..
СледноПоп Ацев не успеа да го преплива Ла Манш