Иако се шпекулираше дека ПСЖ има намера, како замена за Мбапе, да ги донесе Хари Кејн или Душан Влаховиќ, сепак ништо од тоа. “Светците“ тргнуваат и тоа како по Расмус Хојлунд, младиот дански репрезентативец и напаѓач на Аталанта. Интересно, со овој потег на ПСЖ сега Манчестер Јунајтед се најде во проблеми зошто токму гигантот од “Олд Трафорд“ не крие дека го посакува Хојлунд во своите редови.
Сепак се чини дека ПСЖ ќе ја добие битката за Данецот, Насер Ал – Келаифи веќе започна да работи на трансферот, веќе има и преговори меѓу Аталанта и ПСЖ.