Откако Килијан Мбапе беше изоставен од тимот кој ќе патува на турнеја во Јапонија и ставен на продажба, синдикатот на француските играчи излезе со поддршка за француската ѕвезда.
Вчерва беше објавено дека ПСЖ го изоставил Килијан Мбапе од нивната претсезонска турнеја во Јапонија и дека тој исто така е ставен на продажба.
Синдикатот на француските играчи УНФП преку официјално соопштение објави дека го поддржува Мбапе и го критикува францускиот клуб што не го исполнил договорот до крај.
„Играчите кои се оценети како „непожелни“ или кои клубот сака да ги види како заминуваат без разлика на се, не го почитуваат договорот, кој е потпишан со добра волја“, пишува Синдикатот на играчите во своето соопштение.
24-годишната француска ѕвезда е во ПСЖ од летото 2018 година, кога дојде од Монако.