Јуниорите поразени од Велика Британија на стартот на ЕП „Б“ Дивизија

183

Македонската машка јуниорска репрезентација запиша пораз на првиот меч на Европското првенство „Б“ Дивизија. Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ беа совладани од Велика Британија со убедливи 68-84.

Противникот имаше одличен влез во првата четвртина, која ја доби со 9-17, а отвори со 5-15. Во вториот период Македонија успеа да се консолидира и да поведе со 26-25 со поени на Луканоски, но пред одморот одново влезе во лош ритам, па Велика Британија дојде на плус седум 27-34.

Веќе во третиот период македонските кошаркари целосно паднаа, противникот набрзина дојде на плус 36-56 и до крајот без проблем ја одржуваше позитивата за втора победа на овој шампионат.

Марко Луканоски со 22 поени и 9 скока беше најдобар во нашите редови, Шошкиќ постигна 12 поени, еден помалку имаше Јаничиќ.

Македонија својата шанса за победа ќе ја бара против Австрија, која запиша две победи во низа.

ПретходноИ Охрид стартуваше, Алушовски го одржа првиот тренинг
СледноМилан го промовираше шестото засилување