Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2023/24, во која клубот влегува со сериозни амбиции. Екипата во новата сезона ја предводи некогашниот истакнат македонски репрезентативец Стевче Алушовски, кој попладнево го одржа првиот тренинг.
Тимот во Охрид ќе остане до 9 август сме во Охрид кога игра контролен меч со Пелистер во Битола. Следниот ден Алушовски и неговите избраници се селат во Маврово. На 18 август се враќаат во Охрид каде ќе се подготвуваат за вториот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во СЦ „Билјанини Извори“.
Во првото коло од новото првенство ГРК Охрид и гостува на Струга.