Нашиот атлетски репрезентативец Андреас Трајковски освои бронзен медал на Балканското првенство во атлетика кое денеска и утре се одржува во Краљево, Србија. Во натпреварите во скок во далечина, нашиот репрезентативец беше во водство се до последната шеста серија, кога репрезентативците на Србија Јованчевиќ и Аниќ успеаја да направат подобри скокови од Трајковски и да ги освојат златниот и сребрениот медал.
Трајковски прескокна 7,72 метри во третата серија, па во петтата го подобри резултатот со прескокнати 7,75 метри и остана на врвот до стартот на шестата серија. Аниќ во шестата серија успеа да прескокне 7,78, додека Јованчевиќ „леташе“ уште подалеку 7,89 и успеа да се закити со златниот медал.