И тоа го има: Влетаа со погребална кола среде натпревар (ВИДЕО)

425

Пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу англиските нисколигаши Данстон и Гејтсхед беше прекинат на полувремето поради несекојдневни сцени кои ги запрепастија навивачите

Натпреварот беше прекинат откако маскирани лица со погребна кола влегоа на теренот и ја оставија на средината на теренот.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа погребна кола и друг автомобил како се движат низ центарот на теренот.

Потоа две маскирани лица излегоа од погребната кола и влегоа во друг автомобил, побегнаа пробивајќи ја оградата. Погребната кола остана на теренот.

Во хаосот кој настана, беше донесена одлука за евакуација на навивачите од стадионот, а натпреварот беше прекинат на 1:1.

ПретходноИма и снимки: Легендарниот напаѓач на Барса и Интер местел натпревари во Камерун
СледноЈунајтед го доби Арсенал пред 82.000 гледачи (ВИДЕО)