Лукаку се извинува ама џабе….Интер повеќе не смета на него

532

Попусто Ромелу Лукаку се извинува и праќа позитивни сигнали кон тимот на Интер, кога клубот од Милано нема намера повеќе да се баи со него. Белгиецот направи голем кикс кога преговараше за трансфер во големиот ривал Јувентус, а откако не бидна ништо од тоа сега тој сака повторно да настапува за Интер.

Од Милано велат, е така не може, и ги прекиаа сите преговори околу останувањето на Лукаку на Џузепе Меаца.

Тој има договор со Челзи и таму немаат намера да го враќаат туку по секоја цена сакаат да се солободат од него. Конечно, може слободно да се каже дека Лукаку се „преигра“ и дека сега единствен спас му е Блискиот Исток и некаков си милионски договор со еден од тамошните клубови.

 

ПретходноСмена на Варешановиќ, Аврамовски во Сараево ќе има нов тренер
СледноАдеми погоди, Пекинг повторно победи (ВИДЕО)