Манчестер Јунајтед имал неколку разговори со агентот на фудбалерот на Ајнтрахт, Рандал Коло-Муани. Информациите од Англија велат дека германскиот клуб е отворен за преговори за францускиот напаѓач, но само доколку „црвените ѓаволи“ имаат намера да платат сума од 80 милиони фунти.
Претходно интерес за напаѓачот покажаа ПСЖ и Челзи, но Ајнтрахт и пред нив остана цврсто на својот став околу цената на Французинот.
24-годишниот напаѓач минатата сезона одигра 46 настапи за Ајнтрахт, постигнувајќи 23 гола и 17 асистенции.