Пријателската средба што вечерва требаше да се одигра меѓу Барселона и Јувентус на стадионот Левис во Санта Клара во Калифорнија нема да се одигра. Натпреварот всушност е откажан уште пред да дојде почетокот.
Според шпанскиот печат, причината за откажувањето на тест-дуелот на европските гиганти кои се подготвуваат во САД е стомачен вирус.
Екипата на Барселона се соочува со силен црвен вирус кој го зафатил речиси половина од составот на Чави, па затоа и средбата нема да се одигра.
Потврда за откажувањето на настанот дојде од официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.