Поп Ацев не успеа да го преплива Ла Манш

563

Македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев имаше неуспешен обид да го преплива каналот Ла Манш.

Како што самиот пливач објави на социјалните мрежи, обидот да се преплива оваа легендарна делница бил неуспешен но додава и дека нема да се откаже во намерата да го стори тоа следниот пат.

„Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам . Имав голема желба и сила и добро пливав но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода . Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство ( макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав . Многу сум благодарен на жена ми Алана на Капетанот и тимот на бродот за големата помош и за брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно . Исто така огромна благодарност до мојата фамилија , блиските и цела Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле поготово во вакви тешки моменти“ – напиша Поп Ацев

ПретходноПа дали е ова нормално: Ал Хилал со официјална понуда за Мбапе, 400 милиони по сезона
СледноКога КРАЛОТ ќе го сретне КРАЛОТ: Вака Леброн му посака добредојде на Лео!