Ерлинг Халанд, вчера во Токио, каде што е на турнеја со својот Манчестер Сити го прослави својот 23 роденден. И како што е обичај, тој доби торта, и тоа од својот соиграч Џек Грилиш кој се чини дека конечно се отрезни по прославата на титулата во ЛШ која траеше за него повеќе од еден месец.
Тука беа и сите останати од редовите на европскиот шампион, а јасно е дека Норвежанецот им се заблагодари а најмногу на неговиот најдобар пријател во Сити, Грилиш.
Happy Birthday, @ErlingHaaland 🎂🥳 pic.twitter.com/OD5040CO4m
— Manchester City (@ManCity) July 21, 2023