Заборски е европски универзитетски шампион во карате

141

Македонскиот каратист Петар Заборски е европски универзитетски карате првак. На актуелното Европско универзитетско првенство во боречки спортови кое се одржува во Загреб, нашиот каратист во финалето во категоријата до 75 килограми го совлада Украинецот Јаненко со 2:0.

За Заборски кој е студент на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова втор златен медал во трето студентско финале.

Ова воедно беше трет медал за македонските студенти, откако Давид Петков и Петар Спасеновски освоија бронзи. Сега останува да се почека настапот машкиот кумите тим кој се бори за второ злато против украинска екипа.

ПретходноМиленкоски задоволен од првата недела: Ќе зголемиме интензитет, па анализа на противниците
СледноНа Струга ТЛ в среда и суди истиот судија кој беше на центарот во поразот од Лиепаја со 4:1