Ибрахимовиќ ја коментираше драмата околу Мбапе: Знаете ли што е проблемот?

2395

Златан Ибрахимовиќ се огласи околу сагата Килијан Мбапе. Да потсетиме, ПСЖ не го однесе Мбапе на подготовки и сака да го продаде летово откако француската ѕвезда планира да замине следната година бесплатно.

Мбапе не сака да го напушти ПСЖ ова лето, а клубот нема намера да го пушти бесплатно и решение се уште не е на повидок.

„Дали направи добро кога го продолжи договорот со ПСЖ? Не за себе, да за ПСЖ. Тој се стави во ситуација во која е поважен од клубот, но никогаш не можеш да бидеш поголем од клубот. А кога детето станува толку моќно, тој лесно заработува. Тогаш неговите родители стануваат адвокати, агенти, тренери. Тоа е проблемот.

Тука ја губите самодисциплината и вашиот идентитет. Денес, со оваа нова генерација, родителите, татковците, мајките, мислат дека станале ѕвезди. Многу зборуваат во медиумите, треба да молчат. На вашиот син е да работи и да биде дисциплиниран“, рече Ибрахимовиќ, кој играше четири сезони во парискиот клуб.

ПретходноАнгели доби џек-пот, се враќа во прволигашкото друштво
СледноКадетите ќе имаат ветер во грб, РФМ ќе биде домаќин на квалификациите!