Миленкоски задоволен од првата недела: Ќе зголемиме интензитет, па анализа на противниците

100

Македонската одбојкарска репрезентација ја одработи првата недела од подготовките за Европското првенство. 19 одбојкари под водство на селекторот Јошко Миленкоски во Скопје полека ја трасираат формата до најголемиот континентален собир.

„Имавме одлични услови во оваа прва недела, имаме се што ни е потребно за врвни подготовки. Ги користиме сите ресурси на најдобар начин. Воведните тренинзи беа насочени главно на основната одбојкарска техника затоа што имавме одреден период пауза и акцент ставивме на физичката подготовка. Досега се се одвива нормално, немаме здравствени проблеми и тоа ни дава надеж дека ќе биде се добро. Од ден на ден ќе се зголемува интензитетот, па од вториот микро циклус почнуваме со табота на тактичкиот дел и подготовка за противниците“, вели Миленкоски по првата недела од подготовките во СЦ „Јане Сандаски“.

Нашите одбојкари продолжуваат со тренинзи во Скопје, а првите контролни дуели ги очекуваат против составот на Романија на стартот на следниот месец.

Претходно„Билд“: Баерн се согласи на бараната цена – 100 милиони евра за Кејн!
СледноЗаборски е европски универзитетски шампион во карате