Митровиќ не попушта, Фулам потврди нема да биде во составот!

564

Менаџерот на Фулам Марко Силва потврди дека Александар Митровиќ нема да биде во составот за следниот натпревар.

Српскиот напаѓач одби да игра за Фулам, бидејќи раководството одби две понуди од Ал Хилал и му го расипа трансферот во Саудиска Арабија.

Митровиќ ја прифати профитабилната понуда на Арапите и сака да се пресели во Ал Хилал, но сопственикот на Фулам одбил 35 и 40 милиони, барал 60 милиони.

“Ова не е идеално сценарио. Митровиќ нема да го игра следниот натпревар, не тренира со тимот. Понекогаш играчите носат индивидуални одлуки за кои сметаат дека се најдобри за нив”, изјави Марко Силва.

Тој призна дека и самиот добил понуда од Саудиска Арабија, од Ал Ахли.

„Точно е, добив официјална понуда од Ал Ахли. Дали ќе ја прифатам? Не можам да потврдам. Покажав лојалност кон овој клуб откако пристигнав“, рече тој.

ПретходноЧелзи го плати 70 милиони евра, првиот гол го постигна по повеќе од половина година (ВИДЕО)
СледноТен Хаг: Сакаме да бидеме машини, ова е стилот кој треба да го негуваме!