Некогашниот голман на Вардар, Алжиерецот Калифа Гедбан сега ќе брани за шампионот Е. Пелистер. Денеска битолчани го преставија Гебдан како ново засилување за следната сезона.
26-годишниот голман на алжирската репрезентација доаѓа во Е. Пелистер како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт. Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една.
Гедбан деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе и се приклучи на екипата на подготовките во Маврово.