Ватерполо репрезентацијата на Србија е последниот четвртфиналист на Светското првенство што се одржува во Фукока.
„Делфините“ со победата над домаќинот Јапонија од 16:10 обезбедија пласман меѓу најдобрите осум селекции. Претходно денеска место во четвртфиналето обезбедија и Црна Гора, Франција и САД кои мораа да одиграат осминафинални дуели, додека селекциите на Италија, Грција, Шпанија и Унгарија директно обезбедија место во четвртфиналето.
Најинтересно денеска беше на мечот меѓу Црна Гора и Хрватска, каде Црногорците славеа со 13:12 во фантастично возбудлив меч. Американците со 13:10 ја совладаа Канада, додека Франција со 11:8 беше подобра од Австралија.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
Грција – Црна Гора
Италија – Србија
Унгарија – САД
Шпанија – Франција