Навивачите на Левски ќе добијат 1.600 билети за натпреварот против Шкупи од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Како што објавија во соопштението до своите навивачи од екипата на Левски, цената на билетите е 20 евра.
Според информацијата, Левски во понеделник на 24 јули ќе ги пушти во продажба билетите за заинтересираните навивачи. Навивачите на Левски ќе бидат сместени на Јужната трибина на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.