Алушовски: ГРК Охрид има високи цели во новото првенство

82

Тимот на ГРК Охрид како што е познато во новиот шампионат ќе влезе во Стевче Алушовски како кормилар. Искусниот стратег вели дека тимот е и повеќе од солиден односно квалитетен и дека има високи цели и амбиции за претстојната сезона.

Под негово водство популарните „Гладијатори“ вчера ги започнаа подготовките за новата сезона во која ГРК Охрид влегува со високи цели.
„ГРК Охрид е клуб со добра организација кој се стреми да прерасне во сериозен конкурент против секого во македонското првенство и постојан учесник во европските купови –  изјави Алушовски.
До 9 август екипата ќе биде во Охрид по што ќе следи контролен меч со Еурофарм Пелистер во Битола. На 10 август ГРК Охрид оди на базични подготовки во Маврово каде ќе остане до 18 август. Таму ќе одигра еден натпревар со Вардар. По враќањето во Охрид екипата ќе настапи на вториот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ.
„Тоа ќе биде вистинска проверка на нашите можности кои сметам дека се големи. Имаме високи цели за оваа сезона, а тоа е пласман во Европа, но нормално е да се обидеме да направиме и нешто повеќе “– рече Алушовски.
Стратегот на Охрид смета дека македонското првенство е исклучително квалитетно, но иако дел од екипите како Пелистер, Вардар, Алкалоид се далеку финансиски помоќни, убеден е дека ГРК Охрид ќе игра забележителна улога во Супер лигата.
„Имаме условно полесна група во првиот дел од првенството и ќе се обидеме да сме најмалку втори и да пренесеме што е можно повеќе бодови во плеј-офот, а таму ќе се води мртва трка“ – додава Алушовски.
ПретходноAлкараз во двојка со Надал на ЛОИ Париз 2024?
СледноМаршан го сруши рекордот на Фелпс, „паднаа“ уште два рекорди на Мундијалот во Фукуока