Во новата прволигашка кошаркарска сезона ќе има промени во однос на името на учесниците. Еуро Никел се откажа од своето место. Ова се случи откако ФИБА и официјално им забрани да ангажираат странски играчи поради неподмирени долгови.
Според правилата следен кој би требало да земе ова место е тимот на Ангели. Дознаваме дека клубот од Кисела Вода веќе има добиено писмо од страна на КФСМ и веќе се подготвува за кам-бекот во прволигашкото друштво.
Ангели заврши на третото место во Втората лига, што го прави вистински кандидат за местото на Еуро Никел.
Овој тим кој полека, но сигурно чекори кон исполнување на своите цели, развој на млади кошаркари, подготвува промени. Ќе бидат вклучени кошаркарски легенди во самото раководство, а истовремено со помош на Општина Кисела Вода која е главен спонзор ќе го креира буџетот, од кој пак ќе зависи и ростерот за прволигашката конкуренција.