Вингегард повторно победник на Тур Д`Франс! (ВИДЕО)

146

Јонас Вингегард од Данска е годинашниот освојувач на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур Д`Франс“. Тој денеска последната етапа, која се возеше низ улиците на Париз само формално ја заврши зошто се знаеше и претходно дека тој се севкупниот победник, како што беше и на минатиот Тур Д`Франс. Последната етапа му припадна на Меус од Белгија.

Инаку Данецот е член на тимот “Џамбо Висма“, а неговото севкупно време, на целата трка е 82:05,42 часови, додека второто место во генерален пласман му припадна на Тадеј Погачар од Словенија, а трет Адам Јејтс од В. Британија.

ПретходноСо името и логото на ФК Вардар, Бугарите собираат пари за клуб во Македонија!!! (ФОТО)
СледноУрнебесно: Еве како Норис го скрши пехарот на Ферстапен! (ВИДЕО)