Дембеле одбил 200.000.000 евра!

1115

Осман Дембеле е уште еден од низата играчи кои се најде на мета на Арапите, но Французинот не сака да ја напушти Барселона.

Според информациите Ал Наср за кого настапува Кристијано Роналдо му понудил петгодишен договор со огромна плата од 40 милиони евра, но тој им порачал дека сака да го носи дресот на каталонскиот гигант.

Во Ал Наср биле подготвени да ја активираат клаузулата од 50 милиони евра која на сила стапува на 1. август, но одговорот веднаш бил негативен.

Дембеле сака да ја продолжи соработката со Барса, неговиот договор истекува во 2024 година. Чави Хернандес успеа да го разбуди својот најдобар фудбалер и се очекува во новата сезона да биде клучен играч.

ПретходноСопругата го „издаде“, веќе е јасно каде ќе продолжи Хари Кејн!
СледноЧелзи го плати 70 милиони евра, првиот гол го постигна по повеќе од половина година (ВИДЕО)