Македонската машка кадетска репрезентација до 18 години ги дозна противниците во квалификациите за пласман на ЕХФ Еуро 2024. Нашите ракометари се најдоа во група со Швајцарија, Словачка и Косово, а според пропозициите само првите две најдобри репрезентации ќе се најдат на евро-шампионатот.
Ракометната федерација на Македонија ќе им ја даде поддршката на кадетите, ја искористи можноста да биде организатор на овие квалификации. Предноста на домашен терен ќе биде од голема помош на патот кон пласманот на ЕХФ Еуро.
Квалификациските натпревари ќе се играат во јануари.