Канаѓанка ќе биде замената за Кејт во Бадел 1862!

85

Екипата на Бадел 1862 го потпиша и второто засилување на новата сезона. По Теа Митрева која се врати во редовите на овој клуб, раководството на клубот ја најде замената за Кејт Метју.

Под обрачите на „баделки“ ќе биде Софија Паска. Станува збор за 27-годишна Канаѓанка, Софиа Паска која минатата сезона настапувала во ирскиот шампионат, доаѓа од Универзитетот Рајерсон.

„Навистина сум возбудена што ќе игра за Бадел 1862. Подготвена сум да учам од
одлични тренери на овој клуб и да играм со талентираните девојки во тимот. Никогаш не сум била во Македонија, едвај чекам да ја запознаам култирата и традицијата. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, изјави новото засилување на Бадел 1862.

ПретходноКадетите ќе имаат ветер во грб, РФМ ќе биде домаќин на квалификациите!
СледноСП: Србија последна до четвртфиналето, Црна Гора ја елиминираше Хрватска