Капитенот на италијанскиот шампион Наполи, Џовани Ди Лоренцо го продолжи договорот со „наполитанците“.
Десниот бек потпиша шестгодишен договор со Наполи со кој ќе остане во Неапол најмалку до 2029 година.
Според новиот договор, Ди Лоренцо ќе заработува 3,5 милиони евра годишно, а ќе има и бонуси во случај на освојување на Серија А и успех во Лигата на шампионите.
Интересно, Наполи имаше договор со Ди Лоренцо до 2028 година, но беше одлучено да се продолжи на уште една година за да му се подобрат финансиските услови.