Маршан го сруши рекордот на Фелпс, „паднаа“ уште два рекорди на Мундијалот во Фукуока

151

Францускиот пливач постави нов светски рекорд на 400 метри мешано на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, и со тоа го собори старото најдобро време на Мајкл Фелпс од Олимписките игри во 2008 година во Пекинг.

Французинот беше најдобар со време од 4:02,50, со што го остав зад себе Карсон Фостер за 4.06 секунди и Даија Сето со 6.91 секунди како трет.

Освен овој рекорд денеска паднаа и рекордите во женска конкуренција 400 метри слободен стил. Истиот го собори, Австралијката Аријан Титмус, со време од  3:55,38. Втора беше Кејти Ледеки, а на подиумот се искачи уште и Ерика Ферведер од Нов Зеланд.

Третиот нов светски рекорд е дело на женската штафета на Австралија во дисциплината 4×100 метри слободно. Времето за победа гласи  3:27,96, пред САД односно Кина.

 

 

ПретходноАлушовски: ГРК Охрид има високи цели во новото првенство
СледноНема ривал достоен за Ферстапен сезонава