Некогашниот голман на Вардар потпиша за Е. Пелистер

377

Некогашниот голман на Вардар, Алжиерецот Калифа Гедбан сега ќе брани за шампионот Е. Пелистер. Денеска битолчани го преставија Гебдан како ново засилување за следната сезона.

26-годишниот голман на алжирската репрезентација доаѓа во Е. Пелистер како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт. Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една.

Гедбан деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе и се приклучи на екипата на подготовките во Маврово.

ПретходноНа Струга ТЛ в среда и суди истиот судија кој беше на центарот во поразот од Лиепаја со 4:1
СледноШкупи обезбеди 1600 билети за навивачите на Левски