Фантастичната низа на актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен од сега веќе седум последователни победи сезонава, продолжи и денеска во Унгарија, кога тој победи на легендарниот Хунгароринг.
Возачот на Ред Бул имаше и повеќе од рутинска трка откако уште на стартот го мина Луис Хамилтон кој ја имаше пол позицијата. Потоа, се беше само обична задача за Ферстапен кој не беше загрозен во ниту еден момент.
Покрај Ферстапен, на пиедесталот се искачија уште и Норис односно Перез.