Хари Кејн целата кариера ја мина во Тотенхем, но се уште нема трофеј, главната причина поради која сака да замине во голел клуб. Тој претходно беше поврзуван со Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, но летово е на мета на Баерн.
Баварците прават се за да го убедат Тотенхем да го продаде Кејн, чиј договор и онака истекува на крајот од сезоната, а тој нема намера да го продолжи. Сопственикот на Спарс веќе одбил две понуди од Минхен, додека во меѓувреме во трката се вмеша и Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Но, најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем очигледно е на прагот на трансфер во Баерн. Имено, неговата сопруга Кејт, според Билд, престојувала во Минхен каде разгледувала куќи за да најде адекватно место за нив двајца.
Семејството на Кејн има намера да се пресели во Баварија, а покрај куќата, тие бараат и меѓународни училишта и други работи.
Кејн минатата сезона беше во одлична форма и постигна 32 гола на 49 натпревари во сите натпреварувања. Тој долго време важеше за еден од најдобрите европски централни напаѓачи бидејќи не само што постигнува тони голови, туку и доста често асистира.
Кејн во дресот на Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна феноменални 280 голови.