Хаос во Будуќност пред двомечот со Струга ТЛ!

4207

Според она што јавуваат медиумите во Подгорица, вистински хаос се случува во таборот на Будуќност, шампионот на Црна Гора и ривалот на нашиот првак Струга ТЛ во 2.квалификациско коло во Лигата на Конеренции. Имено после дебаклот во претквалификациите во Лигата на Шампионите и катастрофата од Бреидаблик, Будуќност со поразот од Младост од 1:2, инаку дебитант во елитната лига, дојде до промени во клубот.

Си замина тренерот Миодраг Џудовиќ, а после и спортскиот директор Анто Дробњак, а на нивно место дојдоа Младен Милинковиќ како тренер, кој се враќа во клубот, и Андрија Делибашиќ на местото спортски директор.

Тимот на Будуќност е во очајна форма, тоа се виде и на мечот со дебитантот во елитната лига на Ц. Гора, па ете шанса за Струга ТЛ без проблем да ја мине оваа пречка и да се пласира во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Инаку првиот меч се игра во Охрид (26 јули) со почеток од 17 часот, а реваншот во Подгорица (1 август) од 21 часот.

ПретходноДвајт Хауард обвинет дека орално задоволувал маж
СледноВардар го победи и Смедерево!