Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ по се изгледа нема да игра на Светското првенство во кошарка.
Српскиот елекотр Светислав Пешиќ се уште го нема објавено списокот на играчи на кои ќе смета за Мундобаскетот и тоа ќе го направи в понеделник, но се чини дека на него ќе го нема името на актуелниот шампион во НБА лигата.
Како што пренесуваат дел од српските медиуми, на списокот ќе го нема и Никола Калиниќ, кој „поради замор и насобраните повреди од минатата сезона“ му рекол на тренерот да не смета на него.
За Србија по се изгледа нема да игра ниту Василије Мициќ. Искусниот плејмејкер штотуку дојде во НБА и во тимот на Оклахома, па можеби ќе биде ориентиран да се подготви што подобро за својата дебитантска сезона. Јокиќ побарал да добие продолжен одмор и затоа нема да биде дел од селекцијата на Србија.