Јуниорите на поправен против репрезентација која нема пораз!

339

Македонската јуниорска репрезентација денеска (16:30 часот) го игра вториот меч на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Португалија. По вчерашниот убедлив пораз од Велика Британија, избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ шанса за победа ќе бараат против Австрија.

Нема да биде лесно за „црвено-жолтите“ ниту денеска, бидејќи противникот врза две победи во низа, и заедно со Велика Британија ги држат првите две места кои водат во следната рунда. Кошаркарите на Австрија ги победија Исланд и Норвешка со убедлива разлика. Сепак иако резултатите звучат „страшно“, сепак противниците не се познати по кошарката, па токму затоа Македонија може да се надева на првиот триумф, секако доколку одигра на подобро ниво од она вчера.

ПретходноСП: Србија последна до четвртфиналето, Црна Гора ја елиминираше Хрватска
Следно„Билд“: Баерн се согласи на бараната цена – 100 милиони евра за Кејн!