Селекцијата на Полска, еден од нашите ривали на ЕП 2023 во Скопје, ја освои Светската лига на нации. Момците на селекторот Никола Грбиќ, во финалето во Гдањск успеа да слави над селекцијата на САД со 3:1 во сетови (25:23, 24:26, 25:18, 25:18).
Инаку ова е прво злато на српската одбојкарска легенда Никола Грбиќ како селектор на Полска.
Бронзата ја освои Јапонија откако во мечот за 3.место ја победи Италија со 3:1 во сетови.