Мала промена во панот на подготовките за шефот на струшниот штаб на Брегалница, Горан Здравков. Имено поради недобивање визи од страна на бугарските власти за четворица странски играчи на штипските “сини“, експедицијата на Брегалница не отпатува во Банско (Бугарија) каде денеска требаше да одигра пријателски натпревар со екипата на Теута од Албанија.
Се разбира дека ова е некоректен потег на бугарските власти, да не им се даде визи на играчи на Брегалница, па макар тие биле странци, навистина е чудно.
Нешто слично како што Литванците направија со Валид Хамиди од Шкупи, кои не му дозволија да влезе во нивната земја, односно не му дадоа виза за дуелот Хегелман – Шкупи, па затоа примија “петка“ како мала одмазда на нашиот тим.