Тен Хаг: Сакаме да бидеме машини, ова е стилот кој треба да го негуваме!

1466

Ерик тен Хаг е задоволен од победата на Манчестер Јунајтед над Арсенал во Њујорк (2:0). „Црвените ѓаволи“ забележаа трет последователен успех на подготовките со головите на Бруно Фернандеш и Џејден Санчо уште пред паузата.

„Игравме многу добро и навистина сум среќен. Ми се допадна колку бевме активни. Ова е начинот на кој треба да постапиме. За време на тренинзите можеме да работиме на градење на одреден стил, но се трудиме и да победиме.

Добро притискавме. Нашата цел е да бидеме машина и сите да дејствуваат синхронизирано. Тоа го направивме во двете полувремиња, што беше важно. Арсенал е многу силен противник. Имаа неверојатна сезона и беше добро да се натпреваруваме со нив“, беше коментарот на Тен Хаг по мечот.

ПретходноМитровиќ не попушта, Фулам потврди нема да биде во составот!
СледноАнгели доби џек-пот, се враќа во прволигашкото друштво