Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик го постигна својот прв гол за Челзи, погоди за 2:0 во победата од 4:3 против Брајтон во Филаделфија.
Челзи го плати Украинецот минатата зима 70 милиони евра, а со досегашните настапи разочара. Минатата сезона доби многу можности на теренот, но не одигра добро.
Во листата на стрелци се запишаа Галагер и Џексон, додека за Брајтон стрелаа Педро и Ундав.
Mykhailo Mudryk scores his first @ChelseaFC goal in style 😎#PLSummerSeries pic.twitter.com/gDrTWWlVPm
— Premier League (@premierleague) July 23, 2023