Антоан Гризман е уште еден играч од европските ѕвезди кој велгува на радарот на саудиските милјардери. Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека Французинот е следниот во редот на фудбалери со кои преговараат дел од клубовите од Саудиската Премиер лига.
Ал Хилал кој денеска излезе со „ненормална“ понуда за Мбапе (1 година престој за 1 милијарда евра), сега има план Б ако Мбапе не прифати трансфер во С. Арабија. Ал Хилал веќе доставил понуда до играчот на Атлетико Мадрид , а се претпоставува дека „шеиците“ му понудиле годишна плата од 40 милиони евра.
Французинот веќе ја најави својата приврзаност кон „јорганџиите“ и силната желба да продолжи со својот развој во клубот од шпанската престолнина. Сепак, понудата е интересна и може да донесе пресврт во намерите и на Гризман и на Атлетико (М).