Промоција: Бутел се пофали со Иван Андреевски! (ФОТО)

188

Бутел Скопје го комплетираше играчкиот ростер пред утрешниот старт на подготовките за новата сезона. Најново име е левиот бек Иван Андревски, кој се враќа во составот на Бутел Скопје и потпиша договор на две сезони.

Андревски претходно настапуваше за Металург РА, а минатата сезона имаше одлични партии во Јуниор КВ.

Тој е петото засилување за РК Бутел Скопје, по голманот Александар Стојаноски, левите бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов, како и десното крило Дамјан Георгиев.

Бутел Скопје претходно го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, а договорите ги продолжија Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум СимјановскиMay be an image of 2 people and text

ПретходноУжас: Легендарниот голман среде ТВ пренос се онесвести и падна… (ВИДЕО)
СледноЕве како Мане ги откачи новинарите: Секој ден ме “убивате“, а сега сакате изјава… (ВИДЕО)