Ужас: Легендарниот голман среде ТВ пренос се онесвести и падна… (ВИДЕО)

1183

Синоќа во Пасадена (САД), Реал Мадрид со 3:2 во супер интересен меч го совлада Милан. Тоа беше фудбалски рај за фановите кои дојдоа во живо да го прослесат овој меч, но и за многубројните фанови кои покрај ТВ екраните го следеа овој дуел.

Сепак, имаше и неубави, поточно ужасни сцени.

Имено пред да почне натпреварот, во ТВ преносот ко-коментатор беше Шака Хислоп, легендарниот голман на Њукасл, но и на други клубови во Премиерлигата.

Тој го најавуваше овој меч, а во одреден момент само се онесвести и падна.Секако дека дојде до паника кај другиот коментатор, но како што велат последните информации, со некогашниот голман се е во ред. Тој од болница им се извинил на сите за непријатноста што им ја приредил.

ПретходноЛК: Струга ТЛ и Шкупи ги дознаа своите евентуални ривали за 3.квалификациско коло!
СледноПромоција: Бутел се пофали со Иван Андреевски! (ФОТО)