Вардар и Воска “висат“ за ПМФЛ, имаат рок до среда!!!

9610

Како што дознаваме, постојат реални шанси во следната сезона во ПМФЛ да се натпреваруваат само 10 клубови, и тоа без Вардар и Воска Спорт. Екипите кои лани се “тепаа“ да влезат во елитата, а сега ја немаат потребната лиценца, токму и затоа во ФФМ не се одржува ждрепката за сезоната 2023/24 со цел да им се помогне и на двата клуба, само за да го решат својот проблем и играат следната сезона во елитата, како што и заслужија.

Инаку, како што велат нашите информации, и Вардар и Воска Спорт ќе се чекаат до среда, и ако до тогаш не успеат да ги обезбедат сите потребни документи и се друго што треба за добивање лиценца, тогаш и двете екипи нема да играат во ПМФЛ.

ПретходноОфицијално: Матија Николиќ две сезони ќе биде дел од Вардар!
СледноСостанок со претставниците на клубовите од Прва ЖФЛ (ФОТО)