Садио Мане, еден од најдобрите напаѓачи во светот, не може да се пофали дека имаше којзнае каква сезона во Баерн Минхен. Дојде како големо засилување, сепак од него фановите на гигантот од Минхен очекуваа многу. А и медиумите, односно новинарите речиси за секој проблем го обвинуваа дека тој е виновникот.
Сенегалецот тоа не им го заборави, уште помалку прости.
Па така кога на „Алијанц Арената“ беше закажано групно фотографирање, новинарите од Мане побараа изјава а тој ги “откачи“ со зборовите…
„Секој ден ме `убивате`, а сега саката изјава. Ма, ајде…“
Sadio Mané mit Medienkritik: „You are killing me every day – and now you wanna talk…“ #FCBayern @Abendzeitung pic.twitter.com/7tO5VyPWzU
— Maximilian Koch (@_kochmaximilian) July 23, 2023