Нов капитен на Реал е Начо Фернандез. Фудбалската кариера ја започна во Реал Мадрид. Почнал да ги исполнува соништата на огромен број шпански момчиња, но кога имал 12 години му бил дијагностициран дијабетес тип 1.
Лекарите му рекле дека неговата кариера е сериозно доведена во прашање, но фудбалот и желбата еден ден да заигра за сениорскиот тим на Реал боле посилни од болеста.
Неколку месеци откако му беше дијагностициран дијабетес тип 1, тој се врати на тренинзите, неколку години подоцна дебитираше за „кралскиот клуб“.
За Реал одигра вкупно 319 натпревари на кои постигна 16 гола на кои додаде и девет асистенции. Во пресрет на подготовките за претстојната сезона, Реал реши да му ја додели капитенската лента на Начо Фернандез.
Каква чест за секој фудбалер, особено за оној кој ги направи првите фудбалски чекори во „кралскиот клуб“ и кој на 12 години беше навестен крај на кариерата.