Интер Мајами ќе го смени капитенот, откако во тимот дојдоа големите ѕвезди на светскиот фудбал, Меси, Бускетс и Алба. Според „Атлетик“, аргентинската мега-ѕвезда Лионел Меси, кој му се приклучи на клубот како слободен играч ова лето, ќе ја добие капитенската лентата. Ова го потврдил и главниот тренер Херардо Мартино.
Пред меси, играчот од средниот ред Грегор, кој игра во МЛС од 2021 година, беше капитен на тимот од Флорида.
Треба да се напомене дека Меси ја доби капитенската лента и по влегувањето како замена во дебитантскиот натпревар против Круз Азул (2:1).