За време на подготовките на Работнички во Словенија, тимот го посети и некогашниот тренер на „романтичарите“ и поранешен македонски репрезентативец Виктор Треневски. Треневски беше тренер на Работнички во сезоната 2016/17, а денеска работи на кормилото на црногорскиот тим Хајдук Бар.