Бутел Скопје го комплетираше играчкиот ростер пред утрешниот старт на подготовките за новата сезона. Најново име е левиот бек Иван Андревски, кој се враќа во составот на Бутел Скопје и потпиша договор на две сезони.
Андревски претходно настапуваше за Металург РА, а минатата сезона имаше одлични партии во Јуниор КВ.
Тој е петото засилување за РК Бутел Скопје, по голманот Александар Стојаноски, левите бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов, како и десното крило Дамјан Георгиев.
Бутел Скопје претходно го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, а договорите ги продолжија Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум Симјановски