Состанок со претставниците на клубовите од Прва ЖФЛ (ФОТО)

493

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа состанок со претставниците од клубовите на Прва ЖФЛ. 

Тема на разговор беше предлог календарот и предлог промени во пропозициите за женскиот фудбал за претстојната сезона 2023 / 2024.

На состанокот присуствуваа и претставници на службите при Фудбалската федерација на Македонија од одделението за лиценцирање кои информираа дека во подготовка е правилник за лиценцнирање на клубови за домашното првенство. Претставниците на  маркетинг и комуникации презентираа нова маркетинг стратегија во насока на развој , промоција и видливост на Првата ЖФЛ.

ПретходноВардар и Воска “висат“ за ПМФЛ, имаат рок до среда!!!
СледноЛК: Струга ТЛ и Шкупи ги дознаа своите евентуални ривали за 3.квалификациско коло!