Ал Хилал не се откажува: Ако не сака Мбапе, можеби ќе сака Гризман

783

Антоан Гризман е уште еден играч од европските ѕвезди кој велгува на радарот на саудиските милјардери. Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека Французинот е следниот во редот на фудбалери со кои преговараат дел од клубовите од Саудиската Премиер лига.

Ал Хилал кој денеска излезе со „ненормална“ понуда за Мбапе (1 година престој за 1 милијарда евра), сега има план Б ако Мбапе не прифати трансфер во С. Арабија. Ал Хилал веќе доставил понуда до играчот на Атлетико Мадрид , а се претпоставува дека „шеиците“ му понудиле годишна плата од 40 милиони евра.

Французинот веќе ја најави својата приврзаност кон „јорганџиите“ и силната желба да продолжи со својот развој во клубот од шпанската престолнина. Сепак, понудата е интересна и може да донесе пресврт во намерите и на Гризман и на Атлетико (М).

ПретходноАБА 2: Сезоната почнува на 9 октомври, МЗТ Скопје А. на стартот со Цедевита Ј.
СледноМартино: Меси ќе биде новиот капитен на Интер Мајами