Буњамин Шабани: Да го минеме Будуќност и да останеме што подолго во Европа!

179

Малку недостигаше Струга Трим Лум да го елиминира Жалгирис во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Во Охрид имаше водство од 1:0 на реваншот, двомечот со Галатасарај беше во раце што се вели, но се случи тоа што се случи, и сега нашиот шампион ќе настапи во втората квалификациска рунда во Лигата на Конференции и тоа против Будуќност.

Првиот меч се игра в среда на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, а реваншот на 1 август во Подгорица.

Во пресрет на дуелот во Охрид, свој коментар има Буњамин Шабани, офанзивецот на Струга ТЛ:

Прво да кажам дека и на двете стредби со Жалгирис одигравме добро. Сепак пресуди нивното искуство, ако сакате и среќата која беше на нивна страна. Секако дека бевме шокирани, но научивме дека некогаш на вакви европски мечеви и детали решаваат. Будуќност е шампион на Црна Гора. Во Европа нема лесни противници, и покрај проблемите што го има мора да се респектира нашиот противник. Ние сите во Струга ТЛ сме решени да го дадеме максимумот на овој двомеч, да го минеме Будуќност и да останеме што подолго во Европа“ заклучи капитенот на Струга ТЛ.

ПретходноЛК: Скратен списокот на можните ривали на Струга ТЛ и Шкупи во 3.квалификациско коло!
СледноПирло размислува исто како Роналдо: Саудиската лига може ќе биде најдобра во светот!