Динамо Загреб донесе лев бек од Андерлехт

228

Украинскиот интернационалец Богдан Михаличенко е нов член на тимот на Динамо Загреб. Тој пристигнува од тимот на Андерлехт, каде играше минатата сезона како позајмен играч од тимот на Шахтјор Доњецк.

Тој е инаку дете на Динамо Киев и има одработено неколку позајмици во екипи како Стал односно Зорја.

Тој е еден од оние проект играчи на украинската фудбалска репрезентација и за младинските категории на оваа земја има одиграно преку 40 мечеви. За А репрезентацијата има настапено седум пати. Ќе биде нов соиграч на нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски.

 

 

ПретходноЛиверпул одигра 4:4 со Гројтер Фурт (ВИДЕО)
СледноЗелената боја доминира: Ова се новите гостински дресови на Манчестер Јунајтед! (ФОТО)